Единствени кадри од првата ракета, истрелана од новиот космодром на Русија

од desk3
77 прегледи

Руската федерална вселенска агенција “Роскосмос” пушти кадри во понеделникот, на првата ракета истрелана од новиот Источен космодром.

Видеото е снимено од камери, монтирани на самата ракета “Сојуз-2.1а”.

Таа беше успешно лансирана на 28 април, по првично задоцнување од 24 часа поради откажување на автоматскиот систем за контрола.

Ракетата изведе три сателити – Aist-2D, SamSat-218 и “Ломоносов”, во орбитата.