Вино или сок?
Омиленото вино се пие во мали голтки, а содржи 75 калории во чашка. Црвеното вино е здраво
и е помалку калорично од газираните сокови, кои се полни со шеќери и штетни состојки.
Студиите и истражувањата докажале дека црвеното вино штити од срцеви заболувања и го
намалува холестеролот во крвта. Уживајте во него, но не претерувајте!

Винска диета: Можно ли е виното да биде добар сојузник во
намалувањето на вишокот килограми?
Многумина би одмавнале со рака на ваквата можност, но многу стручњаци и уживатели на виното даваат позитивен одговор. Постојат многу шеги за пивскиот стомак, но секако вински стомак едноставно не постои. Стручњаците тврдат дека виното помага во одржување на витката линија, секако само ако се ужива во него умерено.
Во ова понежниот пол постигнува подобри резултати од мажите. Тајната е во тоа
што виното го поттикнува човечкиот метаболизам да согори многу повеќе калории, а калориите од виното воопшто не успеваат да се наталожат во масни наслаги. Секој кој сака да ослаби неколку килограми, би требало секојдневно со секој оброк да се напие чаша вино; секако за понежниот пол се препорачува помало количество квалитетно вино. Со ваквата необична, но вкусна диета, може да се пијат бели, розови и црвени вина, но со помалку алкохол. Во оваа диета
никако не смее да се претера со консумацијата на виното.