Една доза од АстраЗенека и Фајзер значително ја намалуваат инфекцијата од Ковид-19

од Nikola Popovski
417 прегледи

Ризикот од лице да се зарази со коронавирус е значително помал по приемот на единечна доза на АстраЗенека и Фајзер, покажа британско истражување.

Вакцината дала добар одговор кај луѓе постари од 75 години и кај луѓе кои имаат хронични болести, како и кај други лица, објави Би-Би-Си.

Британската национална служба за статистика (ОНС) и Универзитетот во Оксфорд пронајдоа уште посилен имунолошки одговор кај сите луѓе по две дози.

Истражувачите, поделени во две студии кои сè уште не биле разгледани и објавени, ги темелеле на своите резултати врз основа на тестови за корона кај 370 000 луѓе во Велика Британија, најголемата студија досега.

Во првата студија, луѓето кои биле вакцинирани со единечна доза на АстраЗенека или Фајзер имале 65 проценти помали шанси да развијат Ковид-19.

Три недели по првата доза, со почеток во декември 2020 година и почетокот на април 2021 година, бројот на симптоматски инфекции опаднал за 74 проценти, додека бројот на асимптоматски инфекции падна за 57 проценти.

Луѓето кои ги примиле двете дози на Фајзер имале 90 проценти помали шанси да бидат заразени со вирусот, но процентот не може да се утврди за АстраЗенека затоа што малку луѓе учествувале во студијата, со оглед на тоа што интервалот помеѓу двете дози бил 12 недели, а и подоцна започнала вакцинацијата со таа вакцина.

Студијата покажала дека и двете вакцини се исто така ефикасни против британскиот сој.

Слични содржини