15
Како што информираат од ЗНАМ, панелот ќе претставува отворен форум за аргументирана дискусија, во која ќе се разгледаат конкретни постигнувања, но и тековните предизвици со кои се соочува државната администрација и институциите управувани од нивни претставници.
Настанот ќе го отвори претседателот на движењето, Максим Димитриевски, со поздравно обраќање до учесниците и јавноста.
Панел-дискусии со претставници од клучни институции
Во првата панел-сесија ќе учествуваат:
- Горан Минчев, министер за јавна администрација
- Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини
- Борче Серафимовски, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Ивана Гиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина
- Нико Берберу, директор на Институтот за акредитација
На втората панел-дискусија, збор ќе земат:
- Игор Филков, министер за правда
- Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација
- Никола Мемов, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
- Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
- Злате Мехмедовиќ, директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје
Движењето ЗНАМ најавува дека преку овој настан сака да покаже транспарентен пристап во работењето и подготвеност за отворена комуникација со граѓаните и институциите, со акцент на отчетноста како основа за одговорно владеење.