Една коцка чоколадо дневно, одлично за здравјето

од Берта Китинска

Чоколадата богата со посебни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и ја намалуваат оксидацијата на клетките, е важна во процесот на стареење, а какаото го зголемува мозочниот крвоток и се препорачува за личностите склони кон депресија.

Иако чоколадото има големи количини на магнезиум во 100 грама, две коцки чоколадо покриваат само четири проценти од дневната потреба на човекот но доволно да влијаат за подобра функција на мускулите, односно намалување на грчевите, а даваат чувство на релаксираност, што е добро за стресот.

Сите споменати својства се однесуваат на црната чоколада, не на млечната или белата или со додатоци поради поубав вкус.

Поранешните истражувања наведуваат дека црната чоколада го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за речиси 40 проценти. Потврдено е дека луѓето кои секој ден јаделе по шест грама чоколадо (една коцка), имаат 39 проценти помали шанси да доживеат срцев или мозочен удар.

Американскиот професор по медицина на Универзитетот во Колорадо и претседател на американската кардиолошка асоцијација, Роберт Екел, сепак, предупредува дека студиите за добрата чоколада не претставуваат препорака за луѓето да јадат повеќе чоколадо.

„Кога сите би јаделе мала количина на чоколадо секој ден до крајот на нашиот живот, сите би се здебелиле неколку килограми“, предупредува Екел.

Слични содржини