Една ” културна карактеристика ” на САД

од desk3
112 прегледи

 

Речиси 300 милиони парчиња огнено оружје држат Американците во нивните домови и ги користат често – во 2013 година загинале над 33 000 луѓе од прострелни рани. Оние кои се обидуваат да ги стегнат законите се во губитнички позиции.

0,,18108752_303,00

Дваесет и девет проценти од возрасните американски граѓани поседуваат барем едно огнено оружје. Ова станува јасно од актуелно студија, чии резултати се објавени во специјализираното издание “Injury Prevention”. Најголем број оружје поседуваат белите, женети мажи на возраст над 55 години.

Статистичките податоци покажуваат дека само во 2013 година во САД биле застрелани 33 636 лица, повредени се повеќе од 84 000. Научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк ги анализирале резултатите од една анкета меѓу 4 000 американски граѓани на возраст над 18 години.

Еден од заклучоците е дека поседувањето на огнено оружје ја зголемува повеќе од двојно подготвеноста тоа да биде искористено. Меѓу поединечните Американски Држави има огромни разлики: така што едвај 5% од возрасните Американци во државата Делавер поседуваат оружје, додека во Аљаска вооружени се близу 62 отсто од луѓето кои живеат таму.

Правото за носење на огнено оружје во САД го дели американското општество. По секој посериозен инцидент започнува дискусија за затегнување на законодавството, но на крајот сето останува непроменето. Напорите на претседателот Барак Обама за воведување на построги правила за поседување оружје доживеа неуспех во Конгресот – поради остриот отпор претежно на републиканците.

Уставно право

0,,18108748_401,00

Моќното оружено лоби на Националната оружена асоцијација NRA (National Rifle Association) го смета поседување на оружје во домаќинствата како културна карактеристика на САД и го запира секој обид за заострување на режимот како посегање против граѓанските права на Американците.

Правото да се поседува оружје е запишано во уставот на САД. Во Вториот амандман од 1791 година се вели: “За безбедноста на една слободна држава е неопходно добро организирано населени; правото на луѓето да складираат и носат оружје не смее да биде прекршено”.

Врховниот суд на САД пресуди последователно дека овој член од Уставот треба да се гледа како основно право на сите американски граѓани. За споредба: Германците чуваат во своите домови 5,5 милиони огнено оружје. Официјално дозвола да носат оружје имаат милион и половина германски државјани – околу два проценти од населението на Сојузната република.