Една од најпосакуваните жени која целосно се посвети на мајчинството: Ева Мендез на прошетка низ Лос Анџелес

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Холивудската актерка Ева Мендез многу, многу ретко се појавува во јавноста, па не е чудно што папараците побрзаа да ја фотографираат кога неодамна шеташе низ Лос Анџелес.

Убавата 47-годишна актерка отиде на шопинг во продавницата Прада, и блесна во едноставна лежерна облека идеална за летните денови. Изгледаше одлично во цветен, лелеав фустан со пуф ракави, а го надополни со папучи во беж боја и ефективна чанта во два тона.

Инаку, интересно е што оваа Американка со кубанско потекло се повлече од јавниот живот, и дека најави дека нема да се врати на големите екрани, на големо разочарување на нејзините бројни обожаватели. Сепак, таа е активна на Инстаграм и често соработува со козметички и модни брендови.

Наводно, таа донела одлука да го напушти актерството со цел да се посвети на мајчинството и семејниот живот. Да потсетиме, таа е во врска со својот колега Рајан Гослинг од 2011 година. Денес, нивниот брак се смета за еден од најстабилните и најубавите во светот на шоу -бизнисот, но и најдобро чуван – имајќи предвид дека никој не знае ништо за него, освен Ева и Рајан.

Двојката има и две деца – во 2014 година ја добија првата ќерка Есмералда Амада, а две години подоцна втората Амада Ли.

Слични содржини