Актерката Барбара Мори многумина се уште ја сметаат за најубавата „злобница“ од теленовелите. Имено, Мори пред 17 години ја отелотвори фаталната Руби во истоимената серија.
Актерката денес има 43 години, а многумина се уште ја рангираат меѓу најубавите жени во светот.
Патем, таа стана баба на 38-годишна возраст откако нејзиниот 18-годишен син Серхио доби ќерка Мила со 30-годишната бразилска пејачка Наталија Субтил.
Мори честопати со своите објави на Инстаграм докажува дека стареењето е непознат концепт за неа.
Меѓутоа, пред да наполни 30 години, актерката се заболе од рак на дојка.
-Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Бог ме стави на тест поради некоја причина и успешно го положив. Се борев со болеста, го победив ракот и продолжувам понатаму – изјави таа за медиумите по тој период.
Барбара има неуспешен брак со Кенет Реј Сигман, американски безбол играч кој траеше само една година, а сега е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровар, со кого се запозна во 2013 година.