Иако фановите се навикнати на честите промени во физичкиот изглед на Клои Кардашијан, нејзиното последно појавување во шоуто на Дру Баримор предизвика различни реакции во јавноста, а некои дури велат дека изгледа како покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.
Ријалити sвездата зборувала за последната сезона на шоуто што го снимаше со своето семејство со години, но и за нејзината желба да има уште едно дете. Сепак, сите се обидувале да дознаат зошто таа повеќе не личи на себе, туку на Џексон.
„Мајкл Џексон во обид“ е еден од коментарите што најдобро опишува што се случило со лицето на Клои Кардашијан.
Како што сите забележале, нејзиниот нос бил комплетно трансформиран и очигледно е дека Клои била на нова операција, што може да се покаже како излишна.
Ова не е првпат ѕвездата да добива критики на штета на нејзиниот физички изглед. Обично, фокусот бил на нејзиниот Инстаграм и „премногу фотошопираните“ слики на кои таа ги стеснува ноздрите или го менува обликот на брадата.
Во разговор со Дру Баримор, таа не ги коментирале ваквите обвинувања. Наместо тоа, зборувала за семејството. Таа вели дека најдобро разбира како функционираат неконвенционалните семејства.
„Прво ги имав само моите родители, потоа татко ми и очувот, како трилогија што е многу важна за мене и за моето семејство. Тоа е вткаено во сите нас и мислам дека и денес не можам целосно да разберам колку одговорно и со љубов се однесуваа кон мене сите тројца мои родители “, изјавила таа.