Дури 20 проценти од Американците рекле дека изгубиле роднина или близок пријател за време на пандемијата на коронавирусот, покажува новата анкета. Анкетата е спроведена од Асошиејтед Прес и Центарот за јавни истражувања NORC по повод една година од прогласувањето на пандемијата.
Заедниците со обоена популација се потешко погодени од вирусот. Така, истражувањето утврдило дека 30 проценти од Афроамериканците и Латиноамериканците изгубиле роднина или близок пријател за време на епидемијата, додека тој процент кај белците е половина од тој – 15 проценти.
Утврдено е и дека се намалува загриженоста на јавноста за вирусот, како и дека фрустрацијата поради примена на мерки е изразена дури и од луѓе кои жалат за загубата на некого за време на епидемијата.
Иако вакцините несомнено доведуваат до крај на пандемијата, една третина од Американците немаат намера да се вакцинираат, а во тоа предничат помладите, граѓаните без универзитетска диплома и републиканците.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД достигна 529.000.