Една третина од земјите на ЕУ се залагаат за нов пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Неколку земји од Европската унија се залагаат за отпочнување на работа на нов пакет санкции против Русија и Белорусија поради нападот врз Украина, а сакаат и да дадат поголема воена поддршка на Киев, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на дипломати и нацрт-документ.

Според дипломатите, приближно една третина од 27-те влади на ЕУ, главно во нордиските и источните земји, сакаат Европската комисија да започне со работа на нова рунда санкции.

По неколкунеделни спорови, ЕУ минатиот месец се согласи на шестата рунда рестриктивни мерки против Русија и Белорусија, која вклучуваше забрана за нафта и санкции за бродовите и банките.