22
Попладнево имало пукање во скопски Чаир, при што повредено било едно лице потврдија од МВР.
„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од СВР Скопје.