Едно лице загина, 57 се повредени во експлозија на бензинска пумпа близу Букурешт

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Едно лице загина, а 57 лица се повредени во две експлозии што се случија на пумпа за течен гас во Креведија, во близина на Букурешт, соопштија денеска властите.

Осуммина од повредените се интубирани поради сериозноста на нивната состојба, јавува Ројтерс.

По првата експлозија, пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа, што предизвикало евакуација и блокирање на патниот сообраќај, соопшти Агенцијата за вонредни состојби (ИГСУ).

Слични содржини