146
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последници се случила вчера на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, извести МВР.
Според информациите, на 21.03.2023 во 15.20 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот.
-На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево, велат од полицијата.