Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Ченто

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје.

Од страна на ИМП констатирана е смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Слични содржини