Едно лице ја загуби битката со коронавирусот во Кичево

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Податоците на Министерството за здраство покажуват дека во последните 24 часа, во Кичево нема оздравени од Ковид-19, односно имаа двајца ново заразени и еден починат како последица од корона вирусот. Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 334 лице, од кои 35 се активни, 283 се излекувани и 16 лица се починати.

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на 35. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 334 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 283, додека
бројот на починати е 16 , инаку денеска во нашата општина имаме двајца ново заразени и за жал едно лице на 67 годишна возраст ја загуби битката со коронавирусот, вели д-р. Џабир Бајрами директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

Тој воедно апелира до граѓаните да се држат до препораките на надлежните здравствени институции.

Слични содржини