Едно лице почина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Едно лице починало вчера во сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола, соопшти МВР.

– Вчера во 11:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информираат од МВР.

Бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица – Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.

Слични содржини