Едно лице загина, седум се повредени во престрелка во Оклахома

од Берта Китинска

Едно лице загина, а седум се повредени денеска при пукање по повод Денот на сеќавањето во американската сојузна држава Оклахома.

Меѓу ранетите има и двајца малолетници.

Локалните власти соопштија дека на пукањето и претходела расправија. Засега никој не е уапсен.

Околу 1.500 луѓе присуствуваа на прославите на Денот на сеќавањето во близина на градот Тафт.

Властите не дадоа повеќе детали за инцидентот.

Слични содржини