„Едно од најопасните места на Земјата“: Режисерот на „Титаник“ за ризикот од посета на потонатиот брод

од Stefanija Kuzmanovska
761 прегледи

Познатиот режисер Џејмс Камерон предупреди на опасноста од посетата на потонатиот брод Титаник.

Режисерот на филмот „Титаник“ изјави дека тоа е едно од најопасните места на планетата. Тоа го кажа уште во 2012 година, а откако се спушти на дното на океанот 33 пати додека работеше на легендарниот филм.

„Одите на едно од најопасните места на Земјата“, изјави познатиот оскаровец. „Не е баш дека можете да повикате помош на патот за да ви помогне“, додаде тој.

Овие коментари на Камерон повторно станаа актуелни бидејќи очите на светот се насочени кон потрагата по пет членови на екипажот на подморницата Титан, која исчезна на патот кон потонатиот брод.

Сепак, освен големиот ризик кој го вклучува одењето на дното на океанот, Камерон вели дека да се види „она што никој досега не го видел“ за него било подобро чувство од сите црвени теписи и слава што му ги донел филмот.

Камерон, кој напиша книга за истражувањето на Титаник, го посетил потонатиот брод повеќе од 30 пати. Тоа го направил за првпат во 1995 година, со помош на руска подморница.

Оскаровецот се уште не се огласил во врска со исчезнувањето на подморницата Титан.

Слични содржини