„Едно се договаравме, друго е на терен“, тутунарите најавуваат нови протести

од Берта Китинска

Тутунопроизводителите одржаа протест пред Владата, тие побараа итно укинување на четвртата класа, како и сигурен откуп на вишокот тутун што е произведен.

Добивме ветувања од Владата, но ништо од ветеното не се исполни, тутунот и наттаму се откупува по катастрофална цена.Едно се договаравме, друго е на терен. Верувавме дека ќе добиеме помош, се случи да биде полошо. Проценките падна пониско, откупот уште повеќе стагнира и денес на места имаме откуп од 100 на пакети од класи на „тројка“ и „четворка“. Цената на „четворката“ е различна и варира од 65 до 70 денари, па сè до 90 денари, рече тутунопроизводителот Васко Јосифовски.

Претходно, тутунарите имаа неколку средби со претставници на Владата, но проблемите останаа.Тутунарите се жалат и на динамиката на откупот, кој годинава е за три пати помал од лани.

Тутунарите најавија нови протести ако не се изнајде решение за ниската откупна цена на тутунот.

Слични содржини