Едноставен чизкејк од портокал е токму она што го сакате

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

На секој од нас понекогаш му треба нешто благо, а овој чизкејк од портокал е идеален избор за деновите кога сакате да јадете вкусен колач.

Состојки (за 4 лица):

100 гр мелени бисквити, 50 гр мелени ореви, 60 гр растопен и изладен путер, 400 гр маскарпоне, 50 гр шеќер во прав, рендана кора од 1 портокал, 2 лажици сок од портокал, ликер од портокал.

Подготовка:
Измешајте ги бисквитите и оревите со стопениот путер. Калапот за колачот со дијаметар од 18 или 20 см обложете го со хартија за печење и притиснете ја смесата од бисквити и ореви. Ставете ја смесата да се излади. Измешајте маскарпоне со шеќер во прав, кора од лимон и сок од портокал, а по желба и со дополнителна лажица ликер од портокал. Префрлете го кремот во калапот и измазнете го, па повторно ставете го во фрижидер најмалку два часа. Внимателно извадете го од калапот и послужете разладено!

Слични содржини