Едноставен рецепт за домашни тулумби од гриз

од Elena Daskalova
685 прегледи

Тулумбите сите претпочитаме да ги купиме од слаткарница, поради комплицираниот процес на подготвување, кој бара многу време и трпение.

Но, овој рецепт е нешто поинаков, полесен и нема да ви одземе толку време, бидејќи се прескокнува чекорот за варење на тестото.

Состојки:

360 гр брашно
140 гр гриз
2 белки
1 ванилин шеќер
2 чашки павлака
Малку екстракт од ванила
100 мл масло
Еден прашок за пециво
Масло за пржење

За шербет:

800 гр шеќер
500 мл вода
Неколку парчиња лимон
1 ванилин шеќер

Подготовка:

Шербетот направете го неколку часа порано, а може и дури и еден ден претходно, за да се спојат вкусовите.

Павлаката истурете ја во длабока чинија, додадете ги белките и 100 мл масло. Матете со жица за матење, па ставете ги екстрактот од ванила и ванилиниот шеќер. Додадете го потоа гризот, па брашното измешано со прашок за пециво.

Кога смесата ќе се изедначи, ставете ја во шприц за тулумби. Истиснувајте мали тулумби, пржете ги во длабоко масло на средна температура.

Исцедете ги од маслото, па оставете ги во шербетот да впијат поголема количина.

Слични содржини