Како што старееме, нашата способност да запомниме нови информации природно опаѓа. Сепак, според психологот Лаура Вера, постојат едноставни методи кои можеме да ги користиме за да го зачуваме здравјето на мозокот и да го намалиме ризикот од когнитивно опаѓање, пренесува index.hr. Вера објаснува дека различни ментални активности му помагаат на мозокот исто како што физичката активност ги зајакнува мускулите.
-Ако секогаш ги извршуваме истите ментални задачи, како решавање исти загатки, нашиот мозок престанува да се обидува. Затоа е важно да воведеме нови предизвици и вежби кои бараат малку повеќе напор, вели таа.
Една од наједноставните вежби што таа ги препорачува е „едноминутно набљудување на излог“. Оваа техника ја поттикнува фотографската меморија и може да се направи во секое време.
-Застанете пред излогот и забележете колку што можете повеќе детали – производите, распоредот на артиклите, цените. Потоа отстапете и обидете се да се потсетите на сите тие информации објаснила таа.
Овој метод едноставно и ефикасно го стимулира мозокот
Покрај менталните предизвици, Вера ја нагласува важноста на физичката активност за здравјето на мозокот.
-Вежбањето ја зголемува оксигенацијата на мозокот, што ја подобрува неговата функција. Секое движење му дава поттик на мозокот, што му помага да остане активен и подготвен за учење и за паметење, истакнува таа.
Добриот сон, исто така, игра клучна улога во зачувувањето на меморијата.
– Кога не спиеме добро, следниот ден имаме послаба меморија и стануваме расеани, предупредува таа.
Покрај овие методи, се препорачува да се следи балансирана исхрана, да се одржува здрава тежина, да се ограничи внесот на алкохол, да се откажеме од пушењето и да се одржуваат социјални односи, за да се намали ризикот од деменција.