Едноставно јадење со БОГАТ ВКУС совршено за НЕПОДНОСЛИВАТА ЖЕШТИНА

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Гаспачо е класична ладна шпанска супа која традиционално се прави со свежи домати, пиперки, црвен кромид и лук.

Состојки:

500 гр зрели домати
1 зелена пиперка
1 чешне лук
четвртина црвен кромид
помал лимон
4 супени лажици екстра девствено маслиново масло
една лажичка сол
малку чили пиперка (по избор)
чери домати
свеж босилек

Подготовка:

Измијте ги и исечкајте ги доматите и ставете ги во блендер. Исечете ја пиперката на неколку парчиња, излупете ги лукот и кромидот и сè додајте во блендерот.

Исцедете го лимонот и додадете го сокот заедно со солта и маслиновото масло и сè мешајте 5 минути.

Се препорачува да се измеша до средна текстура, за да останат некои парчиња, за да не биде целосно мазна смесата. На крај се цеди во цедалка и се става во фрижидер неколку часа за вкусовите добро да навлезат.

Послужете во поединечни чаши или чинии со неколку половини од чери домати и неколку листови босилек.

На здравје!

Слични содржини