На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот „с.Долно Коњаре”, Oпштина Петровец.
Врз основа на извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина со кој е утврдено дека концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени со прописите од областа на животната средина, односно експлоатацијата на минералната суровина е вршена надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираниот водотек на реката Пчиња.