Египет ќе гради нова престолнина

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Египетската престолнина ќе биде преместена од Каиро во сосема нов град, кој ќе биде изграден во пустината. Идејата беше презентирана на економски и бизнис форум во познато египетско летувалиште Шарм аш Шеик од министерот за домување Мустаха Мадбули.

20150314.hkvgwdzloh

Новата престолнина ќе се наоѓа на 45 километри во пустината источно од Каиро. Според зборовите на Мадбули преместувањето се наложува поради пренатрупаност на сегашната престолнина. Во моментов во Каиро живеат 20 милиони луѓе , бројка која   се очекува да биде  двојно повеќе во наредните 40 години. Изградбата на новата престолнина, која ќе биде со површина “колку Сингапур”, ќе чини околу 45 милијарди долари. Во неа ќе живеат околу 5 милиони  луѓе. Планиро е новата престолнина, која засега нема име, да стане најголем убав парк во светот. На бизнис форумот во Шарм аш Шеик претставниците на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт најавија дека нивните земји ќе му одобрат на Египет пакет економска помош во износ од 12 милијарди. долари – по 4 милијарди. од секоја страна. Оман пак ќе го помогне Египет во наредните 5 години со 500 млн долари.