Со зајакнувањето на воената интервенција во граѓанската војна во Сирија Русија очигледно се обложува на тоа дека Западот, ужаснат од експанзијата на “Исламска држава” (ИД) и ескалацијата на миграцијската криза, може да е подготвен да го трпи тивко за некое време претседателот Башар Асад , најверојатно како дел од транзицијата.
Логиката е дека конверзијата во приоритет на борбата со џихадистите, значи Асад да биде прифатен како помало зло независно од неговите сопствени брутални дејствија и може да доведе до поефикасни и координирани напади од воздух и копно.
Таа, исто така може да донесе промена во болна ситуација во Сирија, при што режимот на Асад и коалицијата предводена од САД водат активна борба против истата група, но не како сојузници, за разлика од координацијата која коалицијата ја одржува со централната влада во Багдад во паралелната војна со ИД во соседен Ирак.
Русија нема слични проблеми.
Долгогодишниот поддржувач на Владата во Сирија, Москва неодамна ја зголеми воената активност таму, испраќајќи воени советници, технички персонал и засилување со главна задача да изградат воздушна база во близина на крајбрежниот град Латакија, упориште на сирискиот претседател. Има извештаи дека Русите транспортираат по воздушен пат, војска и модули за монтажни куќи. Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон вели дека очекува Русите да се борат заедно со војниците на Асад.
Дури и повеќе од истовремената помош за Асад од Иран и контролираните од него шиитски милиции, руска воена интервенција може да послужи како фактор за промена на играта во сирискиот конфликт, натежнувајќи на вагата во спектакуларно разурнувачката граѓанска војна, која уби четвртина милион луѓе и предизвика огромна глобална хуманитарна криза.
Степенот и брзината на последиците зависи од размерот. А постои и можност руските напори да го продолжат крвопролевањето, спречување на хетерогени напори на САД да обучуваат и вооружуваат прифатливи бунтовнички групи.
Русија тврди дека е мотивирана главно од битката со ИД. Претседателот на САД Барак Обама, сепак, ја смета засилената воена интервенција за помош на Асад.
Саманта Пауер, американскиот амбасадор во ОН, предупреди дека “двојна игра” со режимот на Асад “не е победничка стратегија”. Во интервју за Си Ен Ен, таа рече дека “Асад не може да е дел од решението, бидејќи го убива со отровен гас сопствениот народ, користи буриња бомби против него и е одговорен за најсурова тортура во современата историја”. Дури и “сè што ни пречи, да е Исламска држава, тоа нема да донесе мир или успех во поразот на тероризмот”, додаде Пауер.
Иако во ваквите изјави фактите говорат дека рускиот претседател Владимир Путин смета дека Западот е можно да влијае, макар и само неофицијално. Москва можеби се надева дека креативна конструктивна улога во Сирија може да помогне за подобрување на врските со Западот, расипани по украинската криза.
“Путин се покажа како одличен тактичар во сириската криза и сега веројатно гледаат можност да го зголеми престижот и влијанието на Русија со релативно незначителен отпор од меѓународната заедница”, изјави Ајхан Камел, директор за Блискиот Исток и Северна Африка во лондонската Евроазиска група.
“Путин најверојатно е свесен дека САД и Европа веќе не се ентузијасти од промена на режимот во Сирија и го насочиле вниманието кон заканата од Исламска држава”, додаде тој.
И навистина, во последно време европските лидери почнаа да го кажуваат експлицитно на глас она што Обама нема да го каже отворено.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави во парламентарната комисија за надворешни работи, дека владата е подготвена да прифати “компромис” со Русија и Иран, во кој Асад ќе игра улога “за неколку месеци” во процесот на транзиција.
Ден претходно министерот за надворешни работи на Австрија беше дури и директен, велејќи дека Западот треба да го вовлече Асад во борбата против ИД. Себастијан Курц во изјавата при посета на Техеран,даде до знаење и го публикува она што некои вработени со месеци го споделуваат само приватно.
“Не треба да се заборават злосторствата извршени од Асад, но не треба да се заборави и прагматичниот поглед на фактот дека во нашата битка сме на иста страна”, рече Курц.
Вистинското подобрено руско воено присуство може да ја комплицира иднината на американските воени дејствија во Сирија, вклучувајќи во зоната за безбедност на турската граница, која се дискутира со Анкара.
Иако ниту САД, ниту саудиските сојузници, ангажирани во моментов во Јемен, нема да приговораат отворено на руското распоредување, тие најверојатно ќе одвратат со зголемување на помошта за бунтовниците кои се борат против Асад.
Постои ризик и за Русија, каде споменот за борбата против исламскиот фундаментализам во Авганистан во 80-тите години на минатиот век не е заборавен: зголеменото руско присуство може да стане само по себе цел на сириската опозиција и џихадистите.
Сирискиот опозиционен претставник Бадри Џамус предупреди дека бунтовниците ќе го сметаат секој странски борец на страната на владата за легитимна цел.
Москва можеби исто така се обидува да се осигура дека ќе го има зборот во идно политичко решение, бидејќи во регионот се шират секакви идеи. Има извештаи дека Египет, некогашен сојузник на Русија и Кина, размислува за зближување со Асад.
Руските активности следеа со успешно завршување на нуклеарната договор со Иран, за што Москва одигра значајна улога. Двете страни вложуваат многу во сирискиот режим, кој освен што е нивен близок, и ја обезбедува на Русија единствената нејзина воена база во Медитеранот и Блискиот Исток – пристаништето Тартус.
Серија тешки порази на сириската армија може да ја забрза одлуката на Русија да се активира во Сирија. Екстремистите контролираат половина од опустошената земја, а бунтовници поддржани од САД, Саудиска Арабија и Турција, заработија восхитувачки победи во северниот и јужниот дел на земјата, ставајќи го под притисок контролираното од Асад крајбрежје.
Се искажуваат претпоставки дека Русија може да го убеди Асад да прифати спасување на престижот со преоден процес во кој поддржаните од Западот бунтовници ќе добијат дел од власта.
Неколкумина либански политичари со тесни врски со сириската влада, кои често го посетуваат Дамаск, сепак велат дека сириското раководство е сигурно во поддршката на своите руски и ирански пријатели и не се чувствува доволно загрозено, за да преговара.
Размерот на руското присуство во Сирија најверојатно ќе остане мало, пред Путин да зборува пред Генералното собрание на ОН подоцна овој месец.
Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис во понеделникот изјави дека САД внимателно го следат зајакнувањето на руското воено присуство.
“Имаме докази во последните неколку дена, дека Русија префрлила луѓе и работи во областа околу Латакија и гради воздухопловна база, што сугерира дека таа има намера да воспостави нешто како оперативна база”, рече Дејвис.
Тој додаде дека САД имаат грижи дали ќе можат да гарантираат дека руски воздухопловни операции нема да влезат во конфликт со воздушните напади на САД и коалицијата извршени во други делови на Сирија против цели на Исламската држава и дека “работите кои продолжуваат да го поддржуваат режимот на Асад, ризикуваат да додаваат уште поголема нестабилност во и без тоа нестабилната ситуација “.
Анализа на приватната компанија во Њујорк “Суфан груп” предвиде неодамна влошување на конфликтот поради интервенцијата на регионалните фактори.
“Веќе смртоносно вриечкиот казан на регионални марионетска војни, Сирија ќе ја западне во уште потешка ситуација, ако САД и Русија ги користат двете страни во граѓанската војна како инструмент една против друга”, се вели во експертската оценка.
