Египетскиот суд ја отфрли жалбата и барањето на јапонските сопственици на товарниот брод в, кој го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал за цели шест дена во март.
Јапонските сопственици побараа бродот повеќе да не го задржува египетските власти, потврди правниот тим на јапонскиот сопственик, Шиа Кисен.
„Ever Given“ е еден од најголемите товарни прекуокеански бродови, кој поради силните странични налети на ветерот за време на преминот низ Суецкиот канал на 23 март, го блокираше водниот пат во каналот, го запре сообраќајот и со тоа ја блокираше глобалната трговска рута, потсетува Ројтерс.
Тужбата поднесена од сопствениците на товарниот брод е во прилог на случајот во Апелациониот суд во Исмаилија, во кој управата на Суецкиот канал од сопственикот на бродот бара 916 милиони долари како компензација за блокадата и како услов за негово ослободување.
Судот денес го врати предметот во понизок суд, кој треба да одржи рочиште на 29 мај, потврди адвокатот на јапонската компанија и истакна дека жалбата на која било странка на новата одлука на долниот суд може значително да го продолжи целиот случај .