255
Еден офицер на египетската армија и 10 војници загинаа во терористички напади на Синајскиот Полуостров, изјави денеска портпаролот на египетската армија Гариб Гариб.
„Група терористи нападнаа бензинска пумпа источно од Суецкиот канал, тие беа одбиени. Меѓутоа, во тој напад загинаа офицер и 10 војници“, напиша Гариб на Твитер.
Петмина милитанти биле ранети, а останатите биле под опсада во еден од регионите на Синај.