Египетски археолози открија 110 антички гробници во долината на Нил

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Египетски археолози открија 110 антички гробници на место близу долината на Нил, околу 150 километри северо-источно од Каиро, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на таа земја, пренесе „Бета“.

Гробовите во кои има смртни остатоци се пронајдени на археолошкиот локалитет Кум ел-Хулган во провинцијата Дакахли.

Вкупно 68 гроба се во овална форма и датираат од прединастичкиот период од 6000 до 3150 година п.н.е., соопшти Министерството, додавајќи дека 37 гробници биле во форма на правоаголник од 1782 до 1570 година п.н.е. Тогаш со Египет владеело племето Хиксос.

Уште пет гробници во овална форма датираат од периодот Накада III, кој го опфаќа периодот од 3200 до 3000 година п.н.е.

Археолозите пронајдоа остатоци од возрасни и деца, како и погребна опрема и керамички предмети.

Тоа е последното во низата археолошки откритија во последните неколку години во Египет, земја во очекување на заживување на туризмот што опадна по бунтот во 2011 година и епидемијата на коронавирусот.