Египетски избор – претседател мегаломан или лудилото на “Исламска држава”

од desk3
194 прегледи

Кадрите кои покажуваат египетски воен брод, кој експлодира во близина на брегот на Синајскиот Полуостров, минатата недела беа предупредување кон нашите западни политичари. Да, поддржуваме Египет, сакаме Египет, продолжуваме да испраќаме туристи во Египет. Затоа го поддржуваме претседателот фелдмаршал Абдел Фатах Сиси покрај фактот дека неговата влада прибра над 40 илјади претежно политички затвореници. Над 20 илјади од нив се поддржувачи на “Муслимански браќа”, а стотици беа осудени на смрт.

el-sisi

Египетскиот режим продолжува да тврди дека неговите непријатели од “Муслимански браќа” се исти како “Исламска држава”. А “Исламска држава”, во нејзината нова страшна улога на исламистичката моќ на Синај, убил стотици египетски војници, вклучувајќи 60 лица пред две недели, по што воениот портпарол во Каиро соопшти дека Синајскиот Полуостров е под целосна контрола на армијата. И сепак по уништувањето на пловилото од “Исламска држава” минатата недела, со основа може да прашаме: кој управува на полуостровот?

Иако на Синајскиот Полуостров се води најголема битка од арапско-израелската војна во 1973 година, ние го омаловажаваме овој конфликт со своите стравови за Ирак, Сирија, Либија и Јемен. Да, ние на Запад сме толку релаксирани од тоа дека световниот генерал го замени првиот демократски избран претседател на Египет дека сега го поддржуваме Сиси толку ентузијастички како што некогаш правевме за Мохамед Мурси од “Муслимански браќа”. Американците ги обновија и оружените испораки, и зошто пак не, штом луѓето на Сиси се борат со апокалиптичните џихадисти?

За Египќаните сепак ситуацијата може да изгледа малку поинаку. Тие го споредуваат Сиси во голема мера со Садам Хусеин . Ова ги вклучува и гротескните амбиции за нова супер престолнина која ќе ги замени сиромашниот стар Каиро и која ќе биде завршен за максимум седум години, недалеку од новиот двонасочен Суецки канал, кој, пак, треба да биде завршен најмногу за 12 месеци. “Новиот” Каиро ќе биде лоциран на површина од 700 квадратни километри и ќе чини 30 милијарди долари.

“Расипничкиот сон за современост” покажува рамнодушност кон вистинските интереси на Египет. Над 60% од Каиро – Реалното Каиро, кое постои денес – беше изграден во последните неколку децении и се протега по должината на милји дотраени бетонски згради, тоне во сиромаштија и жега. Илјадниците нови вили во предградијата над градот се напуштени, бидејќи никој не може да си ги дозволи. Може ли да постои подобра средина од оваа за “Исламска држава”?

Површен поглед врз вистинскиот Египет на Сиси покажува дека наместо да вдахне живот на стариот занемарен град, во каков Каиро се претвори под власта на Велика Британија, а потоа на кралот Фарук и на Насер, проследен со Садат и Мубарак, Сиси сака да започне одново . Веќе има еден Нов Каиро надвор стариот – тој беше изграден како продолжување на градот при Садат и Мубарак, па мегаполисот на Сиси ќе биде новиот Нов Каиро, или вториот обид за бришење на социјалниот неуспех.

Претседателот нема зошто да се вознемирува од индустриски спорови во новиот град сон. Во исламистички стил Врховниот административен суд во Египет ги забрани штрајковите со образложение дека штрајкувачите го “нарушувааѕ исламскиот шеријат”. Судот веќе отповика тројца државни функционери и казни 14 други за штрајкувачите во Монуфија со аргументот дека апстиненцијата од работа “е против исламските ставови и целите на исламскиот шеријат”. Повикувајќи пак се на исламскиот закон и со речиси категоричкиот тон на “Исламска држава” судот најави за “долг на Египќаните за потчинување на претпоставените во работата”. Поранешниот вицепремиер Зиад Баха Еддин смета дека одлуката на судот е апсурдна. “Нели протестираа против уставот на” Муслимански браќа “токму затоа се обидуваше да ја меша религијата со државноста”, вели тој.

Тоа е точно. И навистина, ние, западњаците ја наградуваме познатата “нова” држава Египет – патријархална, диктаторска, опседната од помислата за “надворешни” непријатели (прашање на време е коха египетската влада ќе ја објави “Исламска држава” за крило на Мосад), во која океанот од сиромаштија е примен како главна причина за потребата од уште построги закони против слободата на говорот. Велат дека народот сака леб, не слобода; безбедност, а не “тероризам”.

Всушност, Египет оди по патот на многу земји, кои беа растргнати од “Исламска држава”. Но ако го измачуваш народот доволно од неговите рани ќе никнува џихадизам.

Сега Синајскиот Полуостров е толку под контрола на “Исламска држава”, како и на Египет. Бомбашкиот напад во Каиро, при кој загина главниот обвинител на Сиси, покажува дека операциите на џихадисти го одминале Суецкиот канал и можат да удрат дури по египетската флота. Едвај има елоквентен симбол за изборот кој стои пред нас – меѓу ѓаволот и длабоко синото море.

The Independent