Египјаните правеле операции пред 3000 години

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Научниците открија ортопедска шајка во ногата на египетска мумија стара повеќе од 3.000 години, објави  ” Дејли експрес “.655-402-egipetska-mumiia

Откритието покажува дека древните Египјани можеле да прават хируршки операции. Тоа е отркиено случајно за време на ДНК тест на мумијата на маж од 11 в. п.н.е.

Шајката е со должина 23 см и е ставена во коленото. Фиксирана е на местото со органска смола, слична на современиот коскен цемент. Лекарите кои учествувале во истражувањето биле толку збунети што ја пробиле коската, за да може да го погледнат местото со артроскопска камера.

Специјалистите се изненадени не само од староста на шајките, но и од нивниот дизајн кој одговара на најдобрите современи достигнувања за стабилизирање на коската.

Истражувањето е направено од страна на тим на Универзитетот Бригам Јанг.