Eгзекутиран Кинез поради напад на автобуска станица во Шангај

од Milan1
40 прегледи

Кинескиот државјанин Џоу Џиашенг, кој уби Кинескиња и рани со нож двајца Јапонци на училишна автобуска станица во близина на Шангај минатата година, е егзекутиран, изјави денеска извор од јапонската влада.

Џоу нападна мајка и нејзиното дете на станица во градот Сужоу, во провинцијата Џиангсу, во јуни, а потоа ја уби кинеската државјанка Ху Јупинг, која се обиде да им помогне, објави Кјодо.

Судот во Сужоу го осуди Џоу на смрт во јануари оваа година, пренесува Танјуг.