„Егзистенцијално прашање за Европа“: Стармер подготвен да испрати британска војска во Украина

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер изрази подготвеност да испрати британски војници во Украина доколку се постигне договор за ставање крај на војната со Русија, објавија денеска британските медиуми.

Стармер призна дека тоа би можело да ги стави британските сили „во ризик“ доколку Владимир Путин започне нов напад, пренесува лондонски Гардијан, наведувајќи дека ова е првпат британскиот премиер експлицитно да потврди дека размислува за распоредување британскa војска во Украина.

Коментарите на Стармер дојдоа непосредно пред итниот самит со европските лидери денеска во Париз, организиран за да се смисли стратегија за да се спротивстави на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин и неговите најави за намалување на трошоците на САД за европската одбрана.

Стармер рече дека оваа криза е „момент што се појавува еднаш во генерација“ и оцени дека тоа е „егзистенцијално прашање за Европа“.

Слични содржини