Ејми Шумер подари на продавачка душек од 2 илјади долари

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Холивудската актерка Ејми Шумер подари на вработен во продавница душек од 2 000 илјади долари во знак на благодарност, дека ѝ дозволил да користи тоалет. 35-годишната комедијантка се насладува на утринскиот џогинг низ улиците на Чикаго, кога морала да влезе во продавница за кревети и душеци “Сикс корнерс матрес фирма” со молба да ја користи бањата. Таму таа налетала на службеничката Сажин Лазар, која љубезно ја насочила. На излез од трговскиот објект, Ејми ја прашала Лазар кој е нејзиниот омилен душек во целиот салон и …ѝ го купила.

Пред WGN News девојката признава било толку шокирана и збунета од гестот што дури не ја препознала ѕвездата. Дури откако го напишала името на актерката во “Гугл” и ги видела сликите Лазар се досетила.