ЕК им даде рок на „Мета“ и „ТикТок“ од 7 дена да објават како се борат против дезинформациите

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека им дала рок од седум дена на компаниите „Мета“ и „Тик Ток“ да соопштат на кој начин се борат против ширењето на терористичка, насилна содржина и говор на омраза на нивните платформи.

„Мета мора да ги достави бараните информации до ЕК до 25 октомври 2023 година за прашања поврзани со одговорот на кризата и до 8 ноември 2023 година информации за заштита на интегритетот на изборите“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

„Тик Ток“ мора да ги исполни истите барања во наведените рокови, со тоа што до 8 ноември мора да одговара и на прашања за заштита на малолетниците онлајн, се додава во соопштението.

Слични содржини