251
Антимонополските регулатори на Европската унија денеска извршија вонредна контрола во неколку компании кои се занимаваат со изградба на мрежа и постројки за третман на вода за пиење и отпадни води, загрижени дека би можеле да наместат тендери, пренесува „Ројтерс“.
„Инспекциите се однесуваат на наводниот случај на местење понуди во врска со фондовите на ЕУ за изградба на мрежи и објекти за пречистување на вода за пиење и отпадни води“, се вели во соопштението на Европската комисија.
Инспекцијата беше спроведена во една земја на ЕУ, а надзорното тело не ги именуваше компаниите или земјата, наведе „Ројтерс“, истакнувајќи дека компаниите за кои е откриено дека ги прекршуваат регулативите на ЕУ ризикуваат казни до 10 отсто од нивниот промет.