ЕК ја исплати првата транша од 3 милијарди евра за Украина како дел од заемот од Г7

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Европската комисија денеска објави дека ѝ ја исплатила на Украина првата транша од три милијарди евра од сопствениот дел од заемот од Групата седум индустриски земји (Г7), кој ќе биде отплатен со приходи од замрзнати руски средства.

„Комисијата денеска ја исплати првата транша од три милијарди евра од својот вонреден заем за макрофинансиска помош за Украина, кој ќе биде отплатен со средствата од замрзнатите руски државни средства во ЕУ“, се вели во соопштението на Комисијата.

Овој заем, во вкупна вредност од 18,1 милијарди евра, е придонес кон иницијативата на ЕУ за вонредно забрзување на приходите (ЕРА), предводена од Г7, чија цел е да и обезбеди на Украина околу 45 милијарди евра финансиска поддршка.

Слични содржини