ЕК ја пушти траншата од 9 милијарди евра за земјите-членки погодени од пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Европската комисија исплати девет милијарди евра во вторникот во петтата транша од финансиската помош на земјите-членки според инструментот дизајниран за зачувување на работните места за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19

Чешка доби една милијарда евра, Шпанија 2,87 милијарди евра, Хрватска 510 милиони евра, Италија 3,87 милијарди евра, Литванија 302 милиони евра, Малта 123 милиони евра и Словачка 330 милиони евра, пренесува Танјуг.

Брисел вели дека заемите ќе им помогнат на земјите-членки да ги покријат трошоците директно поврзани со финансирање на националните шеми со скратено работно време и други слични мерки што ги воведоа како одговор на пандемијата на коронавирус, вклучително и за самовработените.

Досега, 16 земји-членки добија вкупно 62,5 милијарди евра според инструментот SURE во форма на заеми, и понудија 90,6 милијарди евра финансиска поддршка на 19 земји-членки.

Се очекува дека во текот на 2021 година, ЕК ќе собере повеќе од 25 милијарди евра за потребите на овој инструмент со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот пазар на капитал.

Слични содржини