ЕК ќе отвори постапка против Temu

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Европската комисија ќе отвори формална постапка против кинеската платформа за онлајн продажба Temu за да истражи дали таа ги прекршува правилата за борба против продажбата на нелегални производи, пренесува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Истрагата ќе утврди и дали Temu го прекршила Европскиот закон за дигитални услуги (DSA), додава њујоршката агенција.

Претставник на Temu не одговорил веднаш на барањето за коментар.

По формалната истрага на ЕУ, Temu има право да предложи усвојување контрамерки за да се одговори на загриженоста на Европската комисија и на тој начин да се избегнат потенцијално високите казни.

Истрагата уследи по барањето на ЕУ на 11 октомври Temu да соопшти што прави за да се бори против продажбата на фалсификувани или небезбедни производи на онлајн платформата.

Европската комисија тогаш соопшти дека побарала детални информации и внатрешни документи за мерките за ублажување преземени против присуството и повторното појавување на трговци кои продаваат нелегални производи на платформата Temu.

Информациите кои ЕК му ги доставила на Temu досега се незадоволителни и не ја ублажиле загриженоста на Европската унија, додаваат анонимни извори.

Слични содржини