Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.
-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.
Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама.
Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји.
Во Албанија, се откриени 54 нерегуларни случаи во вредност од 33,5 милиони евра, од кои 98 отсто само во 2022 година.
-Поради неправилности и измамнички шеми, ЕУ ги блокираше средствата од ИПАРД за Албанија, со што му зададе тежок удар на секторот, кој, меѓу другото, трпи и од недостиг од домашно финансирање, констатира Телеграфи.