Европската комисија денеска предложи конфискација на замрзнатиот имот на олигарсите кои се обидуваат да ги прекршат санкциите на ЕУ воведени поради руската војна во Украина.
Комисијата предложи два закони кои предвидуваат земјите-членки на ЕУ да и отстапат одреден степен на суверенитет на Унијата во областа на кривичното право.
Еден предлог-закон предвидува нови европски правила за замрзнување и конфискација на имотот на луѓето на списокот со санкции на ЕУ, додека другиот има за цел да ја прошири листата на злосторства на европските санкции.
Двата нацрт-закони мора да бидат одобрени од владите на сите земји на ЕУ во процес кој обично трае со месеци, а понекогаш и со години.
Шефовите на влади на ЕУ треба да разговараат за опциите за користење на замрзнатите средства на руските олигарси кои се под санкции за поддршка на обновата на Украина, на дводневниот самит следната недела.
Фото: Getty Images by Sergei Supinsky