Европската комисија предложи директива со која се гарантира минимална ефективна даночна стапка за глобалните активности на големите меѓународни компании, пренесоа светските медиуми. Предлогот ја исполнува заложбата на Европската унија да преземе исклучително брза акција и да биде меѓу првите што ќе го спроведе неодамнешниот глобален договор за даночни реформи.
Предлогот тесно се придржува до меѓународниот договор и одредува како принципите на ефективна даночна стапка од 15% договорена од 137 земји ќе се применуваат во пракса во рамките на ЕУ за сите мултинационални компании со повеќе од 750 милиони комбинирани финансиски приходи.
Според ЕК, Европа целосно ја исполнува својата улога во создавањето поправеден глобален систем на корпоративно оданочување, што е особено важно во време кога треба да се скрати јавното финансирање за правичен одржлив раст и инвестиции и да се задоволат потребите за јавно финансирање.
Новата минимална ефективна даночна стапка од 15% за големите корпорации ќе се применува на начин што е целосно компатибилен со правото на ЕУ. Предложените правила ќе важат за секоја голема компанија, домашна и меѓународна, со матична или подружница лоцирана во земја-членка на ЕУ.
Меѓутоа, за да стапи во сила, новата легислатива мора да биде едногласно поддржана од сите земји-членки на ЕУ.