ЕК препорача на Југоисточна Европа да гради терминали за течен гас

од desk3
132 прегледи

Европската комисија им препорача на земјите од Југоисточна Европа да се насочат кон изградба на терминали за течен гас, за да се избегнат грешките во понудата и за да имаат подобра енергетска безбедност, пренесоа светските агенции во вторникот од Брисел.

fd7df86c860f7d4d5d4075e438246fe5

Во Северна и во Западна Европа работевме многу во развојот на терминали за течен гас, овој пример треба да биде применет во Југоисточна Европа, рече заменик-претседателот на ЕК Марони Шефчович на конференција за енергетската безбедност, организирана од Европскиот суд на ревизори. Цените на снабдување на течен гас опаѓаат, затоа подготвуваме нова стратегија за повеќе терминали во ЕУ, соработуваме по ова прашање со САД и Канада, истакна Шефчович.

Тој посочи дека се работи напорно за воспоставување на сигурен дотур на енергија за ЕУ, се водат преговори со Туркемистан, Азербејџан, Турција. Очекувањето е до 2020 година да биде завршен Јужниот гасен коридор, на кој касписки гас ќе достигне Европа. Ова ќе создаде можност за подобри цени на европскиот пазар на гас. Се преговара и со Алжир за продлабочување на соработката.

Според зборовите на заменик-претседателот на ЕК земјите од Југоисточна Европа, особено зависните во снабдувањето од еден единствен извор, треба да бидат поврзани за да не бидат под притисок “, ако нешто тргне наопаку”.

Работиме според планот, кој очекуваме да го претставиме во јули. Целта е обезбедување на барем три извори на снабдување за овие држави, тоа драматично ќе го промени чувството за безбедноста на снабдувањето во регионот, изјави Шефчович.

Сеуште немаме слободен проток на енергија во ЕУ поради административни и бирократски пречки, поради различните правила во одделните држави и поради недостатокот на поврзување на енергопреносните системи. ЕУ и Украина имаат заеднички интерес од модернизацијата на украинскиот енергопреносен систем. Патот на испораките употребуван со децении, мора да остане во употреба, во тоа треба да бидат убедени сите, коментира заменик-претседателот на ЕК.

Видовме како геополитика може да ја става на тест нашата ранливост во областа на снабдувањето со енергија, да влијае на енергетската безбедност. ЕУ е добар клиент, плаќаме по една милијарда евра за енергија секој ден, истакна Шефчович.

Според него, ЕУ треба да мисли како да остане водечка сила во областа на обновливата енергија. Енергетика е меѓу првостепените политички приоритети на ЕК. Најголемиот предизвик пред нас е спроведувањето на стратегијата за европската енергетска унија. Охрабрен сум од начинот на кој стратегијата беше прифатена од страна на политичарите во ЕУ, додаде тој.

Можеме да користиме помалку енергија, да се потпираме повеќе на одржлива енергија, да се прошират изворите, да контактираме подобро со пазарите, да го користиме повеќе европскиот научен потенцијал. Дури и да ги намалиме енергетските трошоци за еден процент, тоа ќе доведе до шест проценти пад на увозот на гас. Идната индустриска трансформација ќе биде основана на обновливата енергија, на моќта на ветерот и сонцето, изјави Шефчович.

Според неговите зборови поврзување на енергетските пазари во ЕУ ќе даде многу повеќе можности и на корисниците ќе им обезбеди подобри цени и поширок избор. Според зборовите на Шефчович интелигентни енергетски мрежи можат да ја заменат потребата од користење на гас од шкрилци.