157
Европската комисија смета дека Русија нема никакви докази дека Украина прави „валкана бомба“, изјави денеска портпаролката на Комисијата, Набила Масрали.
Таа рече дека во вчерашниот говор на Путин „исправното е погрешно, а погрешното е исправно, дека лагата е вистина, а вистината е лага“.
Рускиот претседател вчера одржа говор во кој, меѓу другото, рече дека Русија го брани своето „право на постоење“ против западните сили и ги обвини САД и Европа дека сакаат „да ја уништат, избришат (Русија) од мапата“.