Европската комисија е за споделување на вишокот вакцини против КОВИД 19, набавени за земјите-членки на ЕУ, со земјите од Западен Балкан, но засега не знае кога тоа би било изводливо.
На прашањето кога „европскиот вишок на вакцини“ може да биде достапен за земјите од Западен Балкан, портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер рече дека во моментов има многу непознати во самата ЕУ во врска со датумот и темпото со кое вакцините ќе бидат достапни.
„Нашата јасна намера е да ги охрабриме земјите членки да го споделат вишокот вакцини со земјите од Западен Балкан и другите соседи и да го организираат во европски процес“, рече Мамер, пренесе Танјуг.
Мамер потсетува на изјавата на претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која повеќепати рече дека на ниво на ЕУ, „донациите на вакцини од земјите-членки за Западен Балкан“ ќе бидат координирани и додаде дека деталите се уште се разработуваат.
Мамер забележува дека вакцините што ќе бидат испратени на Западен Балкан ќе бидат „исти како оние што ќе се користат во ЕУ“.
ЕК досега склучи шест договори со фармацевтски компании, обезбедувајќи повеќе од 1,3 милијарди дози вакцини против Ковид-19.