ЕК се вклучува во спорот околу испораката на вакцината „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba

Европската комисија ќе испрати писмо до „АстраЗенека“, во кое ќе побара вклучување во решавањето на спорот со британско-шведската компанија во врска со испораката на вакцината до европскиот блок против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Планираме да и испратиме на „АстраЗенека“ писмо што ќе ни овозможи да започнеме дијалог со компанијата со цел да учествуваме во решавањето на спорот“, изјави портпаролот за Ројтерс.

Тој додаде дека писмото се подготвува и дека ќе се водат разговори со владите на ЕУ пред да биде испратено.

Слични содржини