333
Во јуни Европската комисија ќе ги претстави своите мислења за барањата на Украина, Грузија и Молдавија да добијат статус на земји кандидати за членство во ЕУ.
„Европската комисија работи паралелно на три мислења за овие три земји. Комесарот Вархеји му потврди на Европскиот парламент дека работи со полна брзина за мислењата да бидат готови до јуни“, изјави портпаролката на Комисијата, Ана Писонеро.
Брисел очекува мислењето на Европската комисија и кандидатурите за членство на Украина, Грузија и Молдавија да бидат разгледани на самитот на лидерите на ЕУ на 23 и 24 јуни, за кога е закажан состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел.