209
Во следните неколку дена Европската комисија ќе склучи договор со компаниите „Бајонтек“ и „Фајзер“ за испорака на 1,8 милијарди вакцини против коронавирусот во периодот од 2021 до 2023 година, изјави денеска претседателот на Европската комисија , Урсула фон дер Лејен.
– Работиме со компаниите „Бајонтек“ и „Фајзер“ на нов договор – рече Фон дер Лејен на прес-конференција во градот Пурс, Белгија, каде се произведува нивната вакцина, пренесе Ројтерс.
Според неа, овој договор ќе ги обезбеди дозите потребни за ревакцинација.