ЕК: Забрана за употреба на вештачка интелигенција за следење на луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

ЕУ ја регулира употребата на вештачка интелигенција, затоа ќе забрани „социјално оценување“, самостојно управуваните автомобили се под знак прашалник, а камерите во масите ќе можат да се користат само за безбедност, пишува „Вечерњи лист“.

Забранети се системите за вештачка интелигенција (АИ) што се користат за неселективно масовно набљудување, освен во исклучителни случаи кога е потребна безбедност. Исто така, ќе бидат забранети и АИ системите за социјално оценување, кои сè повеќе се користат за проценка на однесувањето на поединецот во општеството.

Сите видови на вештачка интелигенција кои се етикетирани како високоризични, вклучително и автомобили што управуваат самостојно и хируршки операции на далечина, ќе треба да поминат посебна инспекција пред употреба и ќе треба да се вршат под човечки надзор.

Компаниите што ќе се оглушат и прекршат новите регулативи ќе бидат казнети и ќе мораат да плаќаат до четири проценти од својата заработка на глобалниот пазар. ЕУ затоа сака да ја регулира употребата на вештачка интелигенција со нови регулативи и да забрани каква било употреба што го надминува опсегот или е во спротивност со основните принципи и вредности на Унијата.

Овие одредби се наоѓаат во нацрт-предлогот за употреба на вештачка интелигенција, кој сè уште може да се промени до следната недела, кога се очекува официјално да биде претставен од Европската комисија.

Слични содржини